„Грозно свирепо убиство на малолетно момче во Прилеп, ново убиство за само неколку дена. Што прават неспособните кадри на ДПМНЕ во МВР“, прашува СДСМ.
„За што министерот во техничката Влада од ДПМНЕ менуваше луѓе во ОВР Прилеп поставуваше свои партиски кадри? Пред само неколку дена во еден ден во Скопје се случи убиство, а потоа беше запален и кафе бар.
Нема разрешница за овие грозни настани. ДПМНЕ, министерот Тошковски и неговите Началници немаат капацитет. Безбедносна на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност“, се вели во соопштението на СДСМ.