Макрон сакаше да каже дека тие што се побрзи со реформите први ќе влезат во ЕУ, вели Ковачевски

52903015861_e6da6ed789_b.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски се осврна на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа со повеќе брзини“, објаснувајќи дека изјавата значи оти тие што се побрзи со реформите први ќе влезат во Унијата.


„Макрон кажа да, Европа со повеќе брзини, но тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 година во Европската унија, рече Ковачевски на трибина на тема „ЕУ за македонската економија“ во Скопје, во рамки на кампањата „Ние сме Европа“.

Премиерот ја коментираше и изјавата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кој зборуваше за проширување на ЕУ во 2030 година.

„После долго време претседателот на Европскиот совет во Блед и повторно на телевизија Словенија кажа дека има конкретна одредница за проширување на Европската унија а тоа е 2030 година и тоа е истата година за која што ние велиме дека Северна Македонија ќе биде подготвена“, додаде Ковачевски.

Кампањата „Ние сме Европа“ ќе се спроведе во Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и во Штип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK