Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Полска, Кшиштоф Грзелчик.
Тошковски го поздрави разбирањето на земјите-членки на ЕУ за техничката природа на проблемот со пасошите, изразувајќи волја за надминување.
Во отсуство на заедничка одлука на земјите-членки на ЕУ, останува секоја членка да одлучи за својот став по ова прашање.
Во таа насока, амбасадорот Гжелчик го пренесе ставот на Варшава дека е ова техничко, а не политичко прашање и дека тие нема да бидат пречка македонските граѓани затекнати на полска територија-слободно да се движат, се додека тие граѓани не остварат влез во својата матична земја со стариот образец на патна исправа.
Амбасадорот Гелчик истовремено ја истакна соработката што е постигната, особено за време на миграциската криза, кога Полска со својата гранична стража даваше поддршка за нашата јужна граница, а во моментов истото го прави и преку ФРОНТЕКС.
На крајот од средбата, министерот Тошковски изрази уверување дека соработката во рамките на поголемите проекти меѓу двете земји ќе продолжи, но најави и зголемување на обемот на соработката со Полска како наша долгогодишна пријателска земја.
Во оваа прилика, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмачалиев, изрази благодарност од свое и од името на Министерството за внатрешни работи за целокупната поддршка што Полска и ја дава на нашата земја, како партнери преку Европската гранична и крајбрежна стража. Агенцијата ФРОНТЕКС, што беше овозможено со потпишувањето на Договорот од поранешниот министер Оливер Спасовски и еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон. Воедно, Бојмачалиев ги истакна заложбите за наредниот период во однос на организирање на слободни, фер и демократски избори според европски стандарди.