М-НАВ за Ковачевски е семејна фирма што вработува до трето колено: На претседателот на Синдикат татко му работел таму и брат му таму работи

М-НАВ-за-Ковачевски-е-семејна-фирма-што-вработува-до-трето.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Покрај вчерашните предлози за разрешувања и именувања нови директори во М-НАВ по насилниот упад во контролната кула, премиерот Димитар Ковачевски денес објаснуваше зошто во компанијата иницирале и вонреден инспекциски надзор на работата на синдикатите. Синдикатот на контролотри на летање ја услови Владата да го разреши раководоството поради незаконски вработувања и се закани дека ќе го завори небото над македонија доклку не се случат промени. По вчерашната одлука на Владата за разрешување на двајца директори, Ковачевски вели дека вработените ја претвориле компанијата во семејна фирма па и кавгите внатре им секако оние во семејствата.

„Прво сметам дека таа фирма е станата како семејна фирма. Кога ќе погледнете има до трето колено вработувани. Кога ќе земете претседател на синдикат, татко му работел таму, тој работи, брат му работи таму. На крај тие станале како семејство во кое што имаат конфликти кои обично им се случуваат по дома на луѓето. Сметам дека треба да се испитаат, како што вели Европската Унија, начинот на кој ги прават конкурсите, начинот и критериумите на селекција на кандидати и така натаму. Да не се случи некој кандидат да добива готови тестови, не знам, но се тоа треба да се види бидејќи премногу случајности има во таа организација кои имплицираат дека можеби тие случајности и несе толку случајни“, рече премиерот Ковачевски по денешното свечено отворање на новата поликлиника во Сарај.

За вчерашното предлагање па повлекување на предлогот Илир Мехмеди да биде директор на М-НАВ, Ковачевски вели дека било исклучиво професионално. Го повлекле предлогот за Мехмеди оти не ги исполнувал условите според Статутот на М-НАВ.

„Кога ќе ја погледнете биографијата на Илир Мехмеди и на работа во М-НАВ, и на работа во цивилно воздухопловство, тогаш ќе видите дека се работи за исклучително искусен човек, кој управувал со такви институции. Со оглед на тоа што се случиле промени на Статутот пред извесно време, пред четири години точно во делот на М-НАВ, кои велат дека генерален директор мора да биде контролор. Имаше и други кандидати кои беа разгледувани, се извршија и консултации со стручната фела.  Во Владата нема ниеден контролор на летање од 21 министер колку што има. Врз основа на консултација и со стручната фела, беше донесена одлука да се препорача на надзорниот одбор овој кандидат да биде директор со 25 годишно искуство“, образложуваше Ковачевски.

Владата вчера попладне го повлече предлогот Мехмеди да биде директор на М-НАВ кусо време откако во медиумите се појавија наодите на ревизорите од 2009 година кои утврдија дека Мехмеди како директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба на државна сметка ја прошетал сопругата во Мадрид, а на сметка на Управата направил и други приватни патувања.

Откако го повлече предлогот за Мехмеди, Владата на негово место го предложи Хакуран Асани. Тој и Милан Кораќе доаѓаат на местата на разрешените директори на М-НАВ Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK