Пожарот во месноста Кишински Рид во атарот на селото Дурфулија, Општина Лозово е локализиран и очекуваме набргу да биде изгаснат.
Трите „ер трактори“ на ДЗС и двата полициски хеликоптера престанаа со дејство, објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој е на терен.
Тој изрази голема благодарност до храбрите пилоти како и до пожарникарите од ТППЕ Свети Николе и ТППЕ Велес како и Доброволното ПП друштво од Свети Николе и Национални Шуми, кои остануваат на терен за догаснување на остатоците од пожарот.