Лога во Идризово: мизерни и супстандардни услови , потребна е итна амнестија

Лога-во-Идризово-мизерни-и-супстандардни-услови-потребна-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Кренар Лога заедно со претседателот на Анкетната комисија за заштита на човековите слободи и права, Халил Снопче, членот на комисијата Драгица Ѓавочанова , дирекоторот на УИС Јовица Стојановиќ, директорот на КПУ ,,Идризово” Зоран Јовановски и заменик директорот Феми Јонузи, извршија увид и одблиску се запознаа со состојбата, условите во затворот, разговараа дирекно со затворениците и беа информирани за проблемите со кои се соочуваат.


„Мизерни, катастрофални и супстандардни услови за издржување на затворските казни, пренатрупаност , затвореници спијат на под, нема соодветна здравствена заштита, нема соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови. Овие услови докажуваат зошто ни е потребен итно Закон за амнестија, со кој барем минимално ќе се растеретат капацитетите. Се работи за луѓе. И покрај извршинетите дела тие се луѓе и заслужуваат достоинство. Наместо ресоцијализација и враќање во нормален живот, со ваков третман состојбата на овие лица може да се влоши уште повеќе“, вели Лога.

Апелира оваа состојба да не се злоупотреби за политички цели а пратениците да покажар хуманост и да дадат поддршка на Законот за амнестија.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK