Лога во Анкара: разговарано за екстрадицијата на Љупчо Палевски

Лога-во-Анкара-разговарано-за-екстрадицијата-на-Љупчо-Палевски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На средбата со министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч се разговараше и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Министерот за правда Кренар Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.

По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава, велат од Министерството за правда.

„Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството , да се казнат оние кои извршиле злосторство“, се потенцира во официјалната информација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK