Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име, не очекува тежок период

Лога-и-Таравари-на-различни-страни-министерот-за-правда-сака.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име во првите денови. Ги имаат бројките со другите партии, вели министерот за правда, Кренар Лога.


„Штом ВМРО-ДПМНЕ формира 2/3 мнозинство во Собранието, со помош на пратениците на ВЛЕН, ЗНАМ и Левица, нека повелат во Собранието и со уставни измени нека го вратат старото име на државата. Не очекува тежок период.

Се чини дека е стратегија на ВМРО-ДПМНЕ – забораваат дека сега имаат одговорност и нема друга кампања. ВМРО има добиено голема поддршка од граѓаните и се чини дека се што е кажано во кампања е голема лага“, додаде Лога.

Претходно министерот кажа дека непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Гордана Силјановска-Давкова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK