Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го именуваше Љупчо Коцевски за јавен обвинител.
Коцевски на функцијата доаѓа на местото на Љубомир Јовески, чијшто мандат заврши во декември, а изминатите два месеци, должноста Републички јавен обвинител ја вршеше Соња Симовска.
Во пленарната сала за време на гласањето не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои претходно за време на расправата упатија бројни забелешки.
Коцевски работел како адвокат 16 години. Во 2008 година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар, а пред повеќе од една година е станува дел од републичкото јавно обвинителство. Бил дел и од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители, како и член на дисциплинската комисија во Јавното обвинителство.