Личните карти ќе важат и по истекот на рокот, за пасошите се бара решение

Личните-карти-ќе-важат-и-по-истекот-на-рокот-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Премиерот, Димитар Ковачевски, денеска изјави дека личните карти коишто се за внатрешна употреба ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, додека за пасошите ќе се разгледаат сите опции.

„Ќе ги испитаме сите опции со цел ако има потреба да се направи пролонгирање во делот на пасошите, бидејќи тие им служат за граѓаните да можат да патуваат надвор од земјата“, рече Ковачевски.

Вработените во Министерството за внатрешни работи веќе имаат издадено еден милион и двеста пасоши во државата.

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека Уставниот суд ќе го каже своето мислење.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK