Тасева: По извештаите на Антикорупциска и Ревизија треба да паѓаат оставки, а сега не се постапува по нив

Тасева-По-извештаите-на-Антикорупциска-и-Ревизија-треба-да-паѓаат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Медиумите имаат среден резултат со 59 поени. Тука треба да се поработи сериозно, на правилата на отчетноста, сопственоста, финансирањето, интегритетот, транспарентноста на податоците, вели претседателката на „Транспаренси интернешнл – Македонија“, Слаѓана Тасева.

На прашањето што се случува со независните институции, зошто тие секогаш се добро оценети, но недоволно ценети во нашето општество, таа кажа дека тоа е резултат на политизацијата.

„Гледаме што се случува во последните денови. Се настојува институциите да бидат под политичка контрола, тоа е симптомот на заробена држава, која што настојува да ги контролира сите институции. За среќа овие институции успеаја да обезбедат свој интегритет и очигледно не им се дава можност да работат доволно, со оглед дека немаат доволно ресурси“, рече Тасева.

Таа кажа дека не е новина дека не се постапува по извештаите на Заводот за ревизија и Антикорупциската комисија.

„По такви лоши извештаи треба да паѓаат оставки, функционерите да не се таму каде што се откако ќе добијат лош извештај. Не се постапува по извештаите на Државната комисија за спречување на корупцијата ниту во Владата. Колку прашања поставија за судир на интереси. Традиционален е проблемот со Јавното обвинителство. Тие го сметаат работењето на Комисијата како мешање во нивната работа“, кажа Тасева и додаде дека изолирано и се пазат затоа што тука пред се се ставаат нечии интереси, теснопартиски, лични над интересите на државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK