Левица: Во скратена постапка Владата ќе носи закон за компанија на бугарски политичар

Левицата-Во-скратена-постапка-Владата-ќе-носи-закон-за-компанија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Пробугарската влада во заминување, за собраниската седница која ќе се одржи утре (среда), предложила неколку скандалозни законни во скратена постапка, под превезот на “стратешки” инвестициии, информираат од Левицата.

Ова, како што го нарекуваат, насилничко сценарио е веќе познато на народот, каде погубните закони за „стратешкиот инвеститор”, конзорциумот „Бехтел и Енка”, повторно беа донесени во скратена постапка, со шверц со европско знаме.

За ваквиот скандалозен потег на СДС и ДУИ, според Левица, реагираше дури и дипломатијата на ЕУ во Македонија, која констатира дека европското знаменце е повторно злоупотребено од страна на власта.

„Еден од предложените закони во скратена постапка се однесува на соларна електрична централа – Пехчево, каде како инвеститор се јавува компанијата „ХЕК СОЛАР МК” ДОО Негрево. Оваа компанија е во сопственост на Бојан Славев Табутов, чиј брат Владимир Табутов е пратеник во бугарскиот парламент. Скандалозноста на целиот процес е што на 3-ти декември Владимир Табутов е избран за пратеник во Софија, додека само четири дена подоцна, Владата во Македонија носи одлука неговата компанија да биде стратешки инвеститор во енергија.

Дополнително, компанијата „ХЕК СОЛАР МК” ДОО Негрево е регистрирана на иста адреса во Кисела Вода, каде се наоѓа компанијата на уште еден бугарски политичар – Павел Валнев. Валнев истовремено се јавува како сопственик и на фирми за марихуана во Кочани, Крушево и во Струмица и важи за бизнис партнер на поранешниот премиер Зоран Заев“, појансуваат од Левицата.

Очигледно е, додаваат од оваа партија, дека владата на Ковачевски единствено ги штити бизнис интересите на династијата Заеви со бугарските компании. Ваквите, според нив, скандалозни предлог-закони нудат низа привилегии за бугарскиот инвеститор, додека најскандалозниот дел е што се трансформира земјоделско земјиште од прва класа во градежно земјиште.

„Дополнително, потсетуваме дека Македонија досега нема донесено Правилник или изработено студија за тоа на кој начин би се користело градежно земјиште за агрофотоволтаични цели.

Јасна е тенденцијата на пробугарската влада, која откако ги прифати врховистичките барања на официјална Софија со која го размонтира македонскиот антифашистички идентитет – сега продолжува да распродава земја на бугарскиот капитал. Оваа одродена и квинслишка влада, без никаков државотворен капацитет, единствено одработува за великодржавните апетити на соседните држави“, велат од партијата.

Левица апелира дека предавничките политики на социјал-демократите се реална опасност по егзистенцијата на македонската нација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK