Левица: Министерот Лога продолжува со предлог-закони кои ја рушат унитарноста на републиката

Левицата-Министерот-Лога-продолжува-со-предлог-закони-кои-ја-рушат-унитарноста.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за правда Кренар Лога, наместо да се погрижи за очајната состојба во која се наоѓа правосудниот систем во Македонија, тој повторно се обидува да протне законски решенија, кои се спротивни на веќе постоечките позитивни норми и на Уставот, велат од Левица.

Станува збор за, како што велат предлог измени на Законот за правосуден испит, Законот за нотаријат и Законот за извршување, во кои како што истакнуваат од Левица, се предлага овие испити да можат да се полагаат и на јазик кој го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните во земјата.

„Ваквите иредентистички предлози се косат со одредбите со кои веќе се регулирани условите за именување на нотари, извршители и адвокати, каде е предвидено задолжително познавање на македонски јазик за овие професии, како и за сите лица кои вршат јавни функции.

Освен одредбите од специјалните закони, дополнително и Уставот, како највисок правен акт, во член 48 упатува на задолжително изучување на македонски јазик. Ваквите сегрегирачки предлози се неевропски и само дополнително ќе ја продлабочат поделеноста во македонското општество, каде македонскиот јазик е единствено сврзно ткиво за кохезија помеѓу различните етникуми. Откако на Уставен суд му пропадна обидот за вметнување националност во изводи, министерот од Алијанса за Албанците продолжува со своите трибалистички испади“, се истакнува во нивната реакција.

Јасна е намерата на министерот Лога, оценуваат од Левица, насилничко и спротивно на закон да иницира федерализацијата на државата, со наметнување на неконзистентни закони кои нема да најдат примена во реална пракса. Ваквите предлози, според оваа партија, можат само да го уназад целиот правен систем и затоа пратениците на Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов ќе ги блокираат и овие штетни закони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK