Левица: Со европско знаме СДС и ДУИ ќе се амнестираат од кривична одговорност

Левица-Со-европско-знаме-СДС-и-ДУИ-ќе-се-амнестираат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Aнтимакедонската и корумпирана власт на ДУИ И СДС, соочена со поразот на претстојните парламентарни избори, спрема терен за спас на своите криминали кои секојдневно се откриваат во јавност, истакнуваат од Левица.


„Во собраниска процедура се предложени измени на Кривичниот законик со ЕУ знаменце со кои:

– се брише казната затвор од минимум 5 години за местење тендери;
– максималната казна затвор за “Злосторничко здружение” се намалува од 10 на 3 години;

Ова јасно покажува дека криминалната власт на СДС и ДУИ цели да се амнестира од кривична одговорност за нивното корумпирано владеење и потврдија дека Македонија е заробена држава, во која правосудството е продолжена рака на власта“, се наведува во соопштението од Левица.

Со ваквите измени, оценуваат од оваа партија, се отвора можност за уште побрзо застарување на делата, што веќе стана пракса во судските случаи со поранешните функционери.

„Токму вакви законски измени бараше ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година, со цел застарување на делата на обвинетите поранешните функционери. Ваквите скандалозни измени се спротивни на сите заложби со кои СДС дојде на власт и затоа овој хибриден режим, со октроиран премиер, нема никаков легитимитет за владеење. Потсетуваме дека Левица преку своите пратеници, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, предложи измени на Кривичниот законик, со цел зголемување на рокот за застареност на кривичното гонење, на извршување на казната, но и во поглед на прекинот на застарувањето на извршувањето на казната“, велат од партијата.

Појаснуваат дека суштинската промена која Левица ја предлага е во апсолутната застареност – каде предлагаат за три пати да се зголеми рокот за застареност, затоа што најголемите корупциски случаи застаруваат по овој основ. Ваквите измени, според Левица, уште не се ставени на пленарна седница и за истите потребно е да гласаат 80 пратеници.

„Јасна е тенденцијата на власта дека по секоја цена сака да се спаси од кривичен прогон поради нејзиното корумпирано владеење. Владеењето на оваа гарнитура на политичари се претвори во најголема национална и економска катастрофа која ја претрпела Републиката, каде единствена европска заложба е шверцот на штетни закони со европско знаме“, се подвлекува во реакцијата на Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK