На граѓанскиот собир на кој се разговараше за промените во ДУП-от кај Алумина, присуствуваа советници од различни советнички групи во Советот на општина Карпош, граѓански здруженија, иницијативи, жители од општината, членови на политички партии.
Овој ДУП, велат од Левица овозможува, целиот простор да го направи со еден голем блок од 35 ката или со повеќе 35 катници, со што целосно би се задушил просторот во тој дел и од ваквото решение штета ќе имаат не само жителите кои ќе живеат во тие блокови туку и целото соседство.
Левица како партија која работи за интересот на граѓаните, како што велат, јасно ги детектираа проблемите во урбанистичките планирања како што се носењето на ДУП-овите. Овие проблеми, според партијата, во голема мера произлегувааат од законските одредби кои се кроени во интерес на урбаната мафија, а воедно законската примена е во голем дел и изиграна заради длабоките криминални практики во секој сегмент на урбанизмот, од планирање до изведба.
Според Левица, граѓаните треба да знаат дека само партија има моќ да ги смени законите и да воспостави цврсти механизми за нивно доследно спроведување.
„Во таа насока, Левица ќе се насочи кон измена на штетните законски регулативи и правилна примена на истите.
Дополнително, на седницата на Советот на општина Карпош кога ќе биде ставена точката за предвидениот ДУП на гласање повторно ја информираме јавноста дека нашата советничка група ќе гласа против вакво штетно решение“, се истакнува во нивната реакција.