„До Зелениот сектор на Левица стигна загрижувачка вест од населението на Стар Дојран. Имено, тие нѐ информираат дека на брегот на Дојранското Езеро можат да се видат многубројни умрени риби и ракови што езерските бранови ги исфрлиле на брегот.
Ваков масовен помор дојранчани не го паметат досега.
Нашиот сектор во моментот размислува дека причина за смртта на рибите и раковите би можела да биде зголемената количина на езерски алги коишто смртоносно влијаат на езерската фауна, а се јавуваат како резултат на зголемена количина на азот и фосфор во езерото, главно од несоодветно третирање на отпадните води од домаќинствата и индустријата.
Но, како втора алтернатива во предвид доаѓа било кој друг штетен агенс којшто оваа година доспеал во езерото и негативно влијае на рибите и раковите.
Зелениот сектор на Левица го повикува Државниот инспекторат за животна средина под итно да го испита овој немил настан, да изврши вонреден инспекциски надзор, да се земат примероци и да го утврдат можниот причинител за поморот на рибите и раковите.
Не смееме да дозволиме драгоцениот езерски свет да страда поради негрижата на луѓето.
Од Инспекторатот бараме веднаш да утврди дали и колку водата на Дојранското Езеро е безбедна за туристите и капацитетите, кога таа може да биде смртоносна за живиот свет во езерото?!
Како прилог кон текстот објавуваме оригинални фотографии што ни ги испратија дојранчани“.
Соопштение на Левица