Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

toksikologija-204505.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, дека не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар.


Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица кои немаат соодветно образование.

Беќаровски кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборантот урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.

За образованието на Иљази, лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето на јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува.

„Сите разговори ѝ ги преведува друго лице, кое е меѓу тие 18 лица за кои таа инсистира да се вработат“, рече Беќаровски, додавајќи дека се работи за луѓе кои иако немаат никаква обврска, доаѓаат на работа, облекуваат мантили и доаѓаат и на визита.

Во моментов не функционира Токсиколошката лабораторија, докторите се снаоѓаат со тестови и со еден лаборант, и тие им се за нивна внатрешна употреба чисто да знаат за какво труење станува збор.

„За шест години се сменија и министри и пет директори. Секој си носеше свои кадри и стигнавме до седум-осум административци и две-три секретарки“, кажа д-р Беќаровски.

За присутните лекари на прес-конференцијата, Беќаровски рече дека сите тие се реномирани доктори со над 25 години стаж и не се политички активни, па одбиваат да бидат вклучени во какви било политички конотации.

Министерот за здравство Илир Демири најави денес дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и економската директорка бидејќи немал сознанија за прекршок. На новинарско прашање какво образование има Иљази, министерот рече дека има високо образование, но не знае какво.

Вработените од оваа Клиника тврдат и дека Иљази го зголемила долгот на инстутуцијата, не доаѓа на работа и не потпишува клучни документи. Иљази беше назначена на 14 февруари, на ден пред формирањето на техничката влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK