Лазаревска: Мицкоски и ДПМНЕ стануваат засолниште на дилери, тие се опасност по безбедноста на децата

Лазаревска-Мицкоски-и-ДПМНЕ-стануваат-засолниште-на-дилери-тие-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Христијан Мицкоски и ДПМНЕ, наместо да се грижат за безбедноста на нашите деца и млади, стануваат засолниште на дилери со дрога, изјави на прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска.

Вели дека Мицкоски и ДПМНЕ не може да ја лажат јавноста дека фотографиите со дилери на дрога се случајност, особено што не станува збор за еден туку за три случи кои говорат многу.

„Додека полицијата деноноќно се бори со трговијата со дрога и апси дилери, ДПМНЕ стана засолниште, гнездо на дилерите. Дом на оние кои ги искористуваат нашите деца за профит. Време е да се запрашаат сите: Може ли да се верува на партијата во која влијание имаат овие криминалци?
Нашите деца заслужуваат подобро. СДСМ ги разбира стравовите и грижите кај родителите што произлегуваат од овие последни сознанија и ќе направи се да ги заштити. ДПМНЕ е ризик за безбедноста, но СДСМ тоа нема да го дозволи. Време е Мицкоски да понесе одговорност и да каже конечно која е неговата улога и што договара со дилери? Граѓаните сакаат мир и безбедност, сигурна иднина за нивните деца, ослободена од темните сенки на криминалот поврзан со дрога. Додека е СДСМ на власт може да бидат сигурни дека ревносната борба против дрогата ќе продолжи“, рече Лазаревска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK