Ларсон Џаин: Во Западен Балкан заживува меѓусоседската соработка како во нордиските земји

Ami Larson
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нордиските и балканскиот земји имаат многу сличности, минале лош период на конфликти, мали по територија, но здружени имаат влијание на меѓународната сцена, заклучи шведската амбасадорка во Северна Македонија Ами Ларсон Џаин.







На младинскиот панел посветен на „Модалитети за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка“, што денеска се одржува во Струга во рамки на Преспа форумот за дијалог (ПФД), амбасадорката на Шведска во земјава посочи дека по периодот на конфликти, нордиските земји, кои се мали по територија и како пазари сфатиле дека сами не можат и мора да се здружат со соседите и тогаш можат да имаат големо влијание на меѓународната сцена. Сега соработуваат за политички, безбедносни прашања, истражување, образование, а ги споделуваат и демократските вредности.

– Слично на нордиските земји е што ваков вид соработка сега заживува и во Западниот Балкан. Веќе има добро воспоставена соработка меѓу земјите соседи, се преминуваат границите само со лична карта. Се реплицира она што се случуваше во нордиските земји, истакна шведската амбасадорка, која е единствен претставник на амбасада на нордиските земји во Северна Македонија.

Посочи дека сега се далеку од деновите на конфликт, кои ги имале во минатото и се приближуваат се повеќе до добрососедски односи.

– Во рамки на таквата структура направивме стратешки план до 2030 нордиските земји да бидат најзелени енергетски најефикасни земји. Тоа значи дека ги здружуваме нашите ресурси, заедно претставуваме 11 најмоќни економии. Дел сме не само од Г20, туку и од групата Г10, истакна Ларсон Џаин. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK