Кузеска: Нов скандал, Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец

Bogdanka-Kuzeska-pres.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска објавуваме нов скандал поврзан со работата на министерот Панче Тошковски и МВР. Јавноста уште еднаш ќе се увери дека со Мицкоски и Тошковси нема ниту правда, ниту одговорност за блиските до ВМРО-ДПМНЕ. Се враќа МВРО-ВМРО на голема врата, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.



„Обезбедувањето на Христијан Мицкоски, полицаецот Ивица Бисовски, кој тепаше друг полицаец пред кафе барот Мош во Скопје, Тошковски го ослободил од одговорност. Сериозниот инцидент, се случи во февруари 2024 година, а натепан беше полицаец, инспектор во НТШ додека спроведувал акција против дрога. Беше поведена дисциплинска постапка и комисија а лично Тошковски најавуваше и кривични пријави. Се случи спротивно. Тошковски го ослободува Бисовски“, посочува Кузеска.

Како што вели, иако Комисијата за дисципинска постапка побарала Бисовски да биде казнет, лично Панче Тошковски го ослободува бодигардот на Мицкоски од одговорност.

„За блиските луѓе на Мицкоски се е дозволено, дури и да тепаат полицајци. “Одреден припадник на МВР сторил насилство со што ја погазил честа на службите во Министерството, па и честа на Македонија“ Вака зборуваше Тошковски на 19 февруари како технички министер, веднаш по инцидентот. Епа министре Тошковски вие денеска не само што го погазивте зборот, ја погазивте честа и угледот на целото МВР, на сите полицајци. Покажавте дека ниту за правдата, ниту за одговорноста, ниту пак за тепаниот полицаец кој изеде ќотек пред кафе барот Мош воопшто не ви е грижа. Го повикуваме Панче Тошковски да излезе пред јавноста и да одговори? Дали оваа срамна одлука е донесена под директен налог на Христијан Мицкоски? Која е вистинската причина за која е ослободен Бисовски? Доколку Тошковски не одговори, СДСМ ќе ги даде одговорите пред јавноста“, завршува Кузеска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK