Кузеска: Изветајот на ЕК потврди дека покрај опструкциите на ДПМНЕ прогрес имаме во 81 отсто од поглавјата

Кузеска-Изветајот-на-ЕК-потврди-дека-покрај-опструкциите-на-ДПМНЕ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Извештајот на ЕК потврдува дека и покрај опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски Македонија продолжи да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство во ЕУ, објави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.


Таа вели дека согласно извештајот, прогрес имаме во 81 отсто од поглавјата, а назадување нема во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90 проценти сме со соодветно ниво на подготвеност.

„Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“, константa која е факт неколку години наназад. За разлика од катастрофалните извештаи во време на ДПМНЕ за заробена држава, мешање на партијата и државата и бројни сегменти со назадување со години наназад имаме драстичен напредок. ЕК посочува дека главни кочничари на напредокот се Мицкоски, ДПМНЕ и Левица. Поразително за ДПМНЕ е тоа што во овој Извештај на ЕК стои дека „Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ активно ја блокираше парламентарната работа, што беше значајна пречка за напредок“ (страна 10 од Извештајот)“, рече Кузеска.

Освен Извештајот, вели Кузеска, значаен е и објавениот План за раст на економиите на Западен Балкан од страна на ЕУ. За прв пат имаме резервирани пари за реформите, од кои 1 милијарда евра се на располагање за Северна Македонија.

„Сега може да користиме привилегии и можности од зачленувањето во Европската Унија пред време, односно додека траат преговорите. Како што баравме. До април 2024 година целта е да се направи прв трансфер на пари. Тоа значи дека ако продолжиме со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега“, додаде портпаролката.

Затоа, како што рече, блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK