Кумот на Јана од Битола: Ќе ве гониме додека сме живи и ќе сведочиме за вистината

Кумот-на-Јана-од-Битола-Ќе-ве-гониме-додека-сме.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кумот на петггодишната Јана Христовска од Битола која почина откако прими инфузија вечерва им порача на лекарите дека ќе ги гонат додека се живи за неправдата што ја нанеле.


Тој заедно со уште неколкумина вечерва говреше пред топлата народ што се собра пред Влада да го искаже револтот од здравствениот систем во кој е дозволено физиолошки раствор наместо лекови да се дава на болни од рак.

„Браќа и сестри, ние во случајот со Јана добивме една тешка неправда. Нестручното работење на докторите и на целиот тим во битолската болница не доведе до ова. Немаат ни чест ни ништо човечно. Но ќе им порачам – на секаков можен начин ќе ве гониме додека сме живи и ќе сведочиме за вистината“, рече кумот на петгодишната Јана.

Тој ги повика сите кои го искусиле здравствениот систем да излезат за поддршка за да ја истераат правдата.

„Земската правда ќе ги стигне само ако сме здужени, заедно, од човек на човек да си ја кажуваме вистината. Вистинската борба не познава ни вера ни нација, познава само сочувство кон оној што се мачел, кон оној кој ги изгубил најблиските и кон оние кои исплакале планини солзи. Дај Боже сето ова да заврши еднаш засекогаш за овие грабливци, овие корумпирани умови“, рече кумот на Јана.

Со црвена боја, повторно во стилот на шарената револуција, демонстрантите на асфалтот пред Влада напишаа „одговорност“, симболично оставија торба полна со пари, ги испрскаа со црвена боја за да укажат на крваво заработените пари што им се бараат на пациентите за да преживеат, и протестот го продолжија пред Обвинителството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK