Кумановци на бунт, не даваат закопување мртви свињи, се плашат од загадување на околината

Син-си-го-убил-таткото-во-Скопје.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во кумановска Речица се јави револт од страна на граѓаните бидејќи се против закопување мртви свињи. Жителите се судрија со полицијата откако претходно не дозволија да поминат камиони на Агенцијата за храна и ветеринарство во кои имаше свињи умрени од болеста африканска чума.

Свињите ие требало да бидат закопани во атарот на селото, на што граѓаните се спротивставиле. Револтот се јавил поради страв дека големиот број закопани животни може да ја загадат околината.

Во просториите на Општина Куманово денеска претходно се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во проширен состав, заради појава на свинска болест “Африканска чума”. Градоначалникот Максим Димитриевски на социјалните мрежи рече дена на состанокот се донесени неколку заклучоци.

„Секој орган да постапи во согласност со своите надлежности и овластувања, да се почитуваат сите мерки за спречување и сузбивање на ширење на болеста “Африканска чума” кај свињите; Агенција за храна и ветеринарство да ги превземе сите потребни заштитни мерки при транспорт од жариштето на болеста до утврдената локација за закоп на угинати свињи и да постапува согласно своите протоколи за работа при вршење на закопот“, вели Димитриевски.

Посочи и дека треба Општина Куманово, преку јавните претпријатија да пружи целосна логистичка поддршка во однос на обезбедување на механизација потребна за спроведување на постапките од страна на АХВ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK