Едниот од четворицата недостапни напаѓачи на Контролната кула на М-НАВ кој вчера беше уапсен ќе оди во куќен притвор.
„За лицето осомничено за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје ќе вложи жалба на ваквата одлука“, велат од ОЈО Скопје.
Насилникот беше во бегство 8 дена. По другите тројца се уште се трага.