Кривична ќе има и за возачот кој го носел Палевски до Турција

Детали-за-бегството-на-Палевски-влегол-во-Бугарија-во-саботата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот кој го превезуваше осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски,  во Турција и кој беше приведен на влез во земјава ќе добие кривична пријава, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.


„Согласно она што го имаме потврдено, службите ме информираа дека ќе се поднесе кривична пријава“, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на СВР-Охрид.

Според информациите кои претходно ги објави Јавното Обвинителство, 46-годишниот С.Д. се сомничи за помагање, откако стана јасно дека го возел Љупчо Палевски-Палчо во саботата, на 2 декември, на граничниот премин помеѓу Србија и Бугарија, по што се упатил кон Турција на преминот Капитан Андреево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK