„Крајно време е да видиме дека Македонија не е само географија, туку библиска земја со свето име“ кажа г.г Стефан

„Крајно-време-е-да-видиме-дека-Македонија-не-е-само.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чествувањето на 152 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Св. Спас почна со панихида со која чиноначалствуваше г.г. Стефан во сослужение на повеќемина свештенослужители на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).


„Споменот за Гоце останува и љубовта кон него не се намалува. Не треба да размислуваме само колку се гордееме со Гоце, туку и колку тој се гордее со нас, дали не смета за родољубци подготвени да ги бранат неговите аманети. Гоце и многубројните комити и борци сѐ дадоа за слобода на татковината, а што даваме ние. Љубовта кон татковината се потврдува само со дела, крајно време е да видиме дека Македонија не е само географија, туку библиска земја со свето име“, истакна поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK