Ковачки: Новиот министер во МВР покажа дека нема привилегирани

Ковачки-Новиот-министер-во-МВР-покажа-дека-нема-привилегирани.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Има разлика, Спасовски забошотуваше инциденти, а новиот министер покажа дека нема привилегирани, вели пратеникот, Драган Ковачки, во врска со инцидентот што го потврди МВР дека припадник на обезбедувањето на Христијан Мицкоски натепал полицаец пред скопски локал.


„За разлика од времето на Оливер Спасовски и СДС, кога директно од министерот се забошотуваа инцидентите во кои полициски службеници беа малтретирани и исфрлани од полициска станица, тепани за време на вршење на сообраќајна контрола, кога со службени возила на МВР синови на високи партиски функционери бегаа од полицијата, кога со полициски флешери на приватни возила имавме дивеење на улиците повторно од истите такви ликови, кога полициски службеници „се удираа” од пајак, нашиот министер за внатрешни Панче Тошковски покажа дека нема компромис со законите и нема привилегирани“, вели Ковачки.

Пратеникот го повика Обвинителството веднаш да го расчисти инцидентот.

Во државата мора да воведеме ред и секој да го почитува правниот поредок, додава Ковачки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK