Мапата за голема Албанија која е дел од споменикот во Музејот на жртвите со кумановско Сопот, не го загрижува премиерот Димитар Ковачевски оти за него таа доцни 145 години и по влезот во НАТО не е релевантна за нас. Премиерот смета дека со право ваквите настани предизвикуваат бура од реакции кај граѓаните.
„Ако добро пресметав утрово, ставање таква карта е задоцнето најмалку 145 години, односно точно 145 години. Ако по нешто може да се отслика какви биле односите на Балканот пред 145 години, пред 200 години и така натаму, тоа се такви слични карти кои секоја држава на Балканот ги има. Ама буквално секоја. Сметам дека она што ние го имаме денес како општество воопшто не ги прави релевантни таквите мапи. По 2001 година, по влегувањето во НАТО ние во нашата држава имаме други мапи кои се релевантни, а тоа е мапата на државите членки на НАТО. Со отпочнувањето на преговорите за членство во Европската Унија мапата која што ние ќе ја имаме и се надевам сите други земји од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа. Тоа е единственото нешто што треба да го обединува целиот Балкан. Сето друго е 145 години задоцнето“, рече премиерот.
Премиерот потврди дека споменикот во Сопот е на приватен имот, а Општина Куманово нема никакви информации за него