Ковачевски за онкологија: Нема пардон за никого, ова е грозен случај, да не се обвинува целата докторска фела за нешто што го направиле поединци

Ковачевски-за-онкологија-Нема-пардон-за-никого-ова-е-грозен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Не може да барате политичка одговорност за некој кој не е на функција, рече премиерот Димитар Ковачевски за одговорните во случајот на Онкологија.


По 20 години од се што се изнаслушавме за првпат МВР и Обвинителството, како што рече Ковачевски, влегоа на Онкологија и направија акција во врска со јавно изнесените сомнежи.

„Пардон нема да има за никого, ова е грозен случај: Пардон нема да има за никого без разлика дали припаѓа на која политичка партија. Овде се работи за мултипартиски, мултиетнички криминал кој мора да се расчисти. Граѓаните очекуваат пардон и нема да има никаков пардон. Ја разбирам загриженоста на граѓаните и нивниот бес. И правото на протест во вакви случаи е добредојдено затоа штом врши дополнителен притисок врз институциите побрзо да ја завршат својата работа“, потенцира Ковачевски.

Повика случајот да не се политизира бидејќи според него овде се работи за истражни дејствија мкои ќе бидат спроведени на најпрофесионален начин, уверува Ковачевски.

И во кои што нема да се прави пардон за никого. Очекувам да се спроведе професионална, брза истрага која ќче идентификува поединци кои се огрешиле пред законот но и пред етичките принципи на докторкста фела. Да не се прави сензационализам е да не се обвинува целата докторска фела за нешто што го направиле поединци

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK