Ковачевски за Европскиот фронт: Дали со некого ќе одите заедно на избори или ќе коалицирате постизборно е одлука на политичките партии

Kovacevski-za-Evropskiot-front.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Добро е што на претстојните избори ќе има најмалку две коалиции кои се залагаат за брза интеграција на земјава во Европската Унија, рече денес лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. На новинарско прашање зошто СДСМ не е дел од Европскиот фронт кој го најавуваше и повикуваше на поддршка, Ковачевски одговори дека партиите одлучуваат за коалиции и пред, но и по избори.

„Дали со некого ќе одите заедно на избори или ќе имате постизборна коалиција или нема да имате тоа е сепак одлука на политичките партии, политичките органи“, рече Ковачевски.

Според него СДСМ веќе има коалиција и е партија која направила најмногу за европскиот пат на земјава.

„Партијата која што ги направи најголемите резултати во делот на европските интеграции и интегрирањето во НАТО, а тоа е СДСМ, исто така имаме коалиција која се залага за европски и евроатлантски интеграции. Ние таа коалиција веќе ја имаме официјализирано. Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски веќе доби поддршка од најголемиот дел од тие политички партии и добро е што во државата ќе има најмалку два блока, две коалиции кои што се залагаат за брза интеграција на Северна Македонија во Европската Унија и кои што ќе извојуваат победа со што Северна Македонија непречено ќе го продолжи својот пат во европските интеграции“, рече Ковачевски.

Договор за заеднички настап на изборите потпишаа денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Народното движење, Скендер Реџепи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK