Ковачевски во работна посета на Рим, планирани се средби со Фредериксен, Санчез и Шолц

АВМУ-Осуда-за-изјавата-на-лидерот-на-СДСМ.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски е во работна посета на Рим, Италија каде на покана од претседателот на ПЕС, Стефен Ловен, ќе присуствува и ќе се обрати на Изборниот конгрес на ПЕС 2024, заедно со останатите лидери присутни на конгресот.

Годинешниот изборен конгрес на ПЕС се одржува под мотото „Европа што ја сакаме: социјална, демократска, одржлива“, а претседателот Ковачевски ќе се обрати на сесијата „Решенија за подобар квалитет на живот“.

Во рамки на посетата, планирано е претседателот Ковачевски да оствари и повеќе средби меѓу кои и со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, шпанскиот премиер, Педро Санчез како и германскиот канцелар, Олаф Шолц.

При посетата на Рим, претседателот Ковачевски ќе се сретне и со претставници од македонската дијаспора во Италија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK