Ковачевски: Вложуваме во македонското високо образование според европски пракси, младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата

Ковачевски-Вложуваме-во-македонското-високо-образование-според-европски-пракси-младите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска се обрати по повод почетокот на академската 2023/2024 година.


Тој присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а на настанот се обратија и министерот за образование, Јетон Шаќири и министерот за здравство, Фатмир Меџити, како и Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје и Светозар Антовиќ, в.д. декан на Медицинскиот факултет при УКИМ.

Ве повикувам, заедно да направиме држава на успешни и среќни луѓе, кои ќе ја градат својата иднина во својата родна земја. Држава на амбициозни луѓе, луѓе кои сакаат да направат повеќе, а не луѓе кои ќе се жалат дека некој ги спречил и направиле помалку, истакна Ковачевски.

Клучно значење, според него, има квалитетот на високото образование, што го унапредуваме во соработка со универзитетите и со нашите стратешки партнери од Европската Унија и САД. Резултатите како што рече ги очекува на среден рок, затоа што секоја квалитетна реформа бара време, бара човечки и бара финансиски ресурси. „Но, насоката е заземена – тоа е македонско образование, по успешни европски пракси. Во 2018 година донесовме целосно нов Закон за високо образование што ја гарантира академската слобода на делување и изразување и обезбедува повеќе права и можности за наставниот и научниот кадар, како и за студентите“.

„Во меѓувреме го унапредуваме и студентскиот стандард. Преку Министерството за образование и наука доделуваме повеќе различни категории државни стипендии, по различни основи. Најголем дел од категориите на стипендии ги изедначивме на сума од 6.050 денари месечно, што е зголемување за 80% од претходно. За студентите пак кои се запишани на дефицитарни студиски програми по математика, физика и хемија, а од минатата година и на земјоделство, шумарство и ветеринарство – има месечни стипендии во износ од 18 илјади денари. Од лани воведовме стипендии и за студенти на студиските програми за превод, историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, во износ од 6.050 денари“, потенцира Ковачевски.

Правиме пат, додаде Ковачевски за членство во Европската Унија, во динамичен процес до 2030 година, за европски услови за живот, работа и развој.

„Заеднички ќе ја направиме оваа држава европска, со европско образование и здравство, и заеднички ќе ги поставиме основите за брз развој понатаму. Сметаме на вашата желба да ја направите оваа земја поубаво место за живеење, земја во која и вие и идните генерации ќе ја градат својата иднина.

Нам и вам ни е доделена таа благородна задача, да направиме нешто повеќе за нас, за нашите најблиски, за нашите семејства, за сите граѓани, тука дома, во татковината. Затоа што, ако не ние, кој? Ако не сега, кога?“, порача премиерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK