Ковачевски: Со влез во ЕУ, просечна плата од 1.300 евра и 800 евра минимална плата

thumbnail_Промоција-на-програма-и-кандидати-СДСМ-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Единствено влезот во ЕУ е гаранција за европски стандард. Тогаш просечната плата ќе изнесува 1.300 евра, а минималната плата 800 евра,  порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

„Економската програма на СДСМ предвидува повеќе за сите. Предвидува подобар живот за сите, доближување на животниот стандард до европскиот и сето тоа преку издржани и конкретни мерки. Гарантираме дека во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра. Она што сакам да го потенцирам тука е дека единствено влезот во ЕУ е гаранција за европски стандард. Тогаш просечната плата ќе изнесува 1.300 евра, а минималната плата 800 евра“,  рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски

Нагласи дека за седум години стапката на невработеност е преполовена.

Нашиот економски план, како што се додава, предвидува намалување на стапката на невработеност од 12 на 7 отсто до 2028 година – едноцифрена бројка, за првпат во историјата на независна Македонија.

„Гарантираме дека ќе успееме Македонија да има полна вработеност и достоинствени плати“, истакна Ковачевски

Нема откажување и од силна домашна економија! Затоа планираме 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство и поттик на економскиот раст со 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции – рече Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK