Ковачевски: Со новиот Ресурсен центар во Шуто Оризари, жителите добиваат полесен пристап до сите услуги во државата

Ковачевски-Со-новиот-Ресурсен-центар-во-Шуто-Оризари-жителите-добиваат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски, се обрати на настан по повод потпишување на договор за реализација на проект за изградба на Ресурсен Центар за повратници и лица во ризик во Општина Шуто Оризари.


Преку Ресурсниот центар граѓаните ќе имаат непречен пристап до здравствени, социјални услуги, вработување, предучилишно и училишно образование и пристап до правна помош.

Ресурсниот Центар, како што истакна Ковачевски, е предвидено да биде мост меѓу жителите на оваа општина и државните институции, наменет пред сѐ за повратниците, како и за сите жители на Општината Шуто Оризари кои ќе можат полесно и побрзо да дојдат до бараната услуга во соодветната институција.

„Се работи за еден модерен, едношалтерски систем каде што ќе можат сите информации и услуги граѓаните на Шуто Оризари да ги добиваат на едно место, брзо и ефикасно и потоа да бидат процесирани или да бидат упатувани и советувани што треба да направат. Центарот треба да обезбеди социјална и економска реинтеграција на жителите на Шуто Оризари и ќе создаде повеќе можности за повратниците да станат поактивни на пазарот на трудот“, рече Ковачевски.

Ресурсниот центар е планиран да биде мултифункционален објект, прилагодлив зависно од потребите граѓаните, и да е лоциран во зградата на Општината Шуто Оризари. Истиот е предвидено да се заврши до крајот на годинава, и ќе чини околу 180 илјади евра, од кои околу 81.000 евра ќе бидат обезбедени преку ЕУ, додека останатите ќе ги обезбеди општината за што навистина изразувам честитки од Општината, градоначалникот, советот и до сите кои што се вклучени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK