Ковачевски: Сите кандидати на СДСМ за претседател на државата ќе имаат еднаква стартна позиција

Државниот-врв-со-честитка-до-христијаните-кои-денес-го-празнуваат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски нема да има предност во трката за претседателски кандидат во СДСМ.


Премиерот Димитар Ковачевски рече дека во партијата е почната процедурата за номинација на кандидатите за претсдетел и сите имаат еднаква стартна позиција.

„Пендаровски успешно го заврши претседателскиот мандат, ги поддржа евроинтеграциите и сите граѓани ги третираше со еднаква почит, во моментов може да зборувам за врендостите кои би ги дал заедничкиот кандидат, но не можам да прејудицирам кој би бил. Тоа е неетички“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.

Пендаровски вчера изјави дека одлуката дали ќе се кандидира за втор мандат ќе ја донесе во втората половина на февруари.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK