Ако ги погледнете позициите на ВМРО-ДПМНЕ во моментот, не можете да најдете ниту еден европски или американски политичар кој стои на тие позиции, рече премиерот Димитар Ковачевски.
„Само еден политичар во ЕУ ги брани позициите на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е Никола Груевски од Унгарија“, вели Ковачевски.
Премиерот е дециден дека неопходно е да се донесе одлука со која Северна Македонија неповратно ќе застане на патот кон интеграцијата во ЕУ, и ако тоа не го направиме сега Србија, и Албанија и Црна Гора ќе отидат пред нас, а ние ќе останеме во друштво со Босна и Херцеговина и со Косово, кои си имаат свои внатрешни проблеми.
Според Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ се како папагал, кој постојано зборува само за избори.