Пендаровски води позитивна кампања, ја дели истата визија како СДСМ вие гледате кога ќе ги видите моите говори и неговите во делот на стратешките на државата нема никаква разлика, тоа е членство на Македонија во Европската унија, продолжување на реформите во сите области кој што ги загрижуваат и кој што се за интерес на граѓаните, во делот на владењето на правото, во делот на борбата против корупцијата, во делот на економијата, држава која што треба да има поголем стандард, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
„Претседателот Пендаровски ќе биде победничкиот кандидат на овие претседателски избори тоа веќе на сите им е јасно и затоа и таква е нервозата во таборот на нашите политички конкуренти“, додаде Ковачевски коментирајќи ги нервозните напади од ДПМНЕ.
„Досега Пендаровски води една одлична позитивна кампања од која што сум и јас дел, бидејќи во делот на моите дневни активности и јас сум вклучен заедно со другите кандидати за пратеници и другите партиски активисти во промоцијата и на кандидатот и на неговата програма. Ние присуствуваме на митинзите на претседателот Пендаровски согласно со изборните единици во кој што секој кандидат за пратеник е определен“, рече Ковачевски додавајќи дека Пендаровски апсолутно може самостојно да ја образложи својата програма бидејќи 5 години успешно ја извршува функцијата претседател на државата.
„Тој има многу јасен план и многу јасна програма за тоа каде треба Македонија да се движи во наредните 5 години, за разлика од неговиот противкандидат кој што нема програма ние не можеме уште да ја прочитаме или да ја најдеме“, рече Ковачевски.