Ковачевски од Рим: Со СДСМ, членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел

Ковачевски-од-Рим-Со-СДСМ-членството-во-ЕУ-до-2030.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Рим, Италија, присуствиваше и се обрати на заедничкиот настан на Италијанската социјалистичка партија и Италијанската демократска партија во соработка со Европскиот форум за деморактија и солидарност и ЦИЕ Мрежата за родови прашања. На настанот каде присуствуваа и Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка и прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија како и Бисера Костадиновска – Стојчевска, потпретседателка на СДСМ и министерка за култура, Ковачевски говореше за прогресивните политики кои ги имплементира СДСМ, а кои се посветени на унапредување на демократијата, социјалната правда, економскиот развој и благосостојба на граѓаните и секако политиките за родова еднаквост за која СДСМ е предводник во Северна Македонија.


Во обраќањето, тој се осврна на политиките на СДСМ.

„Кога зборуваме за социјална правда, мора да посочам дека дека ја зголемивме социјална помош за 300%, ги зголемивме пензиите за 50%, ја намаливме невработеноста од 25% на 12,8%, ги зголемивме платите, и тоа минималната плата четири пати, просечната плата 70%, го зголемивме бројот на вработени, ги удвоивме странските инвестиции и ги поддржавме домашните компании и инвеститори. Ова се резултати на влада што враќа пари назад кај граѓаните, а не се фокусира на градење патриотски споменици кои го билдаа егото на авторитарниот режим како што го имавме 11 години“ посочи Ковачевски.

Истакна дека СДСМ останува посветена на реформите кои ќе обезбедат европска иднина за граѓаните на Северна Македонија, и ќе продолжи да се залага за имплементација на Планот за раст кој ќе помогне за што побрза интеграција на регионот во единствениот европски пазар.

„Членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел“ посочи Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK