Ковачевски не гледа потреба од тајни средби, со Мицкоски може да се сретне и во кафуле на улица Македонија

Ковачевски-не-гледа-потреба-од-тајни-средби-со-Мицкоски-може.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Средбата со лидерот на опозицијата во пресрет на двојните избори премиерот Димитар Ковачевски уверува дека нема да биде тајна туку ќе се одржи на јавно место. По денешната промоција на нова инвестиција во ТИРЗ премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања рече и дека неговата партија е постојана комуникација со ВМРО – ДПМНЕ.


„Јас не гледам потреба од тајни средби. Кога ќе имаме средба таа ќе се случи на јавен простор, дали во Клуб на пратеници, дали во Собрание, дали на улица Македонија, сеедно, во некое кафуле. Ние имаме комуникација на партиско ниво. Потпретседателот од ВМРО – ДПМНЕ е во редовна комуникација со заменик – претседателката на СДСМ“, рече премиерот Ковачевски.

И лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски порача дека не сака тајни средби со Ковачевски. Преку медиумите најави дека по Водици, 19 јануари, ќе имаат целосна слика за составот на техниката влада која треба да стапи во сила на крајот на месецов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK