Пратеникот Мартин Костовски од редовите на СДСМ го предложи Јован Митревски, актуелниот координатор на пратеничката група на владејачката партија за нов претседател на Собранието, откако беше констатирана оставката на Талат Џафери без образложение.
Самиот факт што зад него застанаа пратеници од најголемиот број парламенатрни партии во Собранието доволно зборува не само за потенцијалот што го има Митревски туку и за довербата што пратениците ја имаат во него и во неговото искуство, оваа функција да ја преземе без никаков проблем“, нагласи Костовски во образложението.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски од собраниската говорница порача дека денеска е голем ден затоа што досегашната власт почнува полека но сигурно, дел по дел, функционер по функционер да се руши како кула од карти.
„Денешната седница според него е продолжение на неславниот крај на оваа власт која во изминатите седум години како што рече ја уништи државата. Кандидатот за претседател нема да ја добие нашата поддршка“, прецизираше Мицевски.