„Како локална самоуправа се потрудивме да го прикажеме она што сме го реализирале за овие две години. Добивме и искрена поддршка за сработеното досега, но меѓутоа и за она што треба заедно допрва да го сработиме, а не очекува уште многу. Јас од ова место ви ветувам дека Битола веќе е препознатлива по работите кои што се случуваат“, истакна Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола при средба со граѓаните во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“ говорејќи за денешните активности кои што ги имал заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Коњановски додаде дека за поголеми и позначајни проекти кои што се потребни на Битола потребна е и помош од централната власт која што за жал ја нема. Но, за среќа за неколку месеци Владата ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ со што позначајните поголеми проекти за Битола ќе започнат да се реализираат.
„Владата во заминување, Владата на ДУИ и Социјалдемократскиот сојуз остави многу зијан, многу несработени работи. Така на нас останува да ги завршиме работите“, рече градоначалникот на општина Битола.
Тој посочи дека со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборувале за спортскиот комплекс во вредност од 10 милиони евра. Тоа е проект кој што Општината сама не може да го сработи потребна е помош и од централната власт.
„Во текот на денот имавме и интересни средби со целни групи, разговаравме со мојот еснаф, со здравството. Еден од столбовите на државата кој успеаја во овие неколку изминати четири години да се урниса до темел на непрепознатливост. Криминалните афери се видливи секој ден, тоа сите го знаеме“, појасни Коњановски.
Тој нагласи дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за доброто на граѓаните и ќе помогне во развојот на општините меѓу кои е и Битола.