Во Собранието денеска продолжува седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која на дневен ред е утврдување на предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
Пријавени за членови на Советот на јавните обвинители се Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд Скопје, Кети Петкова адвокат од Гевгелија која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, како и Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство. Од овие три пријавени кандидати, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да дадат поддршка за две изпразнети местри заради пензионирање на на два члена.
Отворена е расправа за првата кандидатка Светлана Жупаноска.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дава своја поддршка, а пратениците од оваа партија најавуваат долги дебати и говори исто како претходно за предлозите за уставни судии.