Бруталното претепување на кандидатот Албанец во баталјонот „Волци“ во АРМ од неговите македонски колеги е ѕвонче за тревога, се истакнува во соопшетнието од коалицијата „Вреди“:
„Овој аларм треба повеќе да ги загрижува албанските кадри во Министерството за одбрана, особено заменик министерот, сега актуелен министер Тирон Јајага, кој мора да објасни зошто се случило тоа и зошто тој дозволил да се дојде до ваква ситуација. Ние прашуваме како може човек повикан на професионализам и соработка со НАТО да дозволи и да не преземе одговорност за ваков скандал? Како може ваков скандал да помине без одговорност дури и од техничкиот премиер Талат Џафери и од в.д. министерот за внатрешни работи Назим Буши? Дали е ова некое антиалбанско сценарио подготвено од Владата, сега веќе во заминување за да создаваат меѓуетнички тензии?“, прашуваат од „Вреди“.
Ги повикуваат и истражните органи што поскоро да го расветлат овој случај.
„И сторителите кои го претепаа албанскиот капетан, да излезат пред правдата, како и да се дозне вистината, кој и зошто го испратил него во психијатриската болница во Бардовци? Кому му смета напредокот на Албанците во прашањата за државната безбедност и одбрана“, реагираат од „Вреди“.