Клиника Жан Митрев е првата целосно дигитализирана болница во регионот

zan_mitrev_zgrada
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Побрза и поголема следливост на пациентот, креирање на електронско медицинско досие, достапност до сите лабораториски, радиолошки, дијагностички наоди, вклучувајќи ги и болничките упатници е резултатот од целосната дигитализација на работењето на Клиника Жан Митрев. Со целосната примена на дигитализација во секој сегмент од работата, Клиника Жан Митрев е првата целосно дигитализирана болница во регионот.

За пациентите дигитализација на здравствени услуги на Клиника Жан Митрев значи поквалитетна медицинска услуга и брза и точна информација за пациентот која ја добива докторот и другиот медицински персонал.


„Процесот на дигитална трансформација е воведен со примена на болнички информациски систем (Hospital Information System), специјализиран медицински софтвер, каде се слеваат сите податоци од моментот на закажување на преглед, се до моментот кога пациентот ќе ја напушти болницата. Се создава комплетно електронско медицинско досие со сите испитувања, наоди и лекарски препораки, болничките упатници и планови за нега и терапија. Следењето на патеката на пациентот се врши од самиот влез во клиниката, без оглед дали се работи за амбулантски или хоспитализиран пациент, се до неговиот отпуст. Штом пациентот добие идентификациски број, понатамошната комуникација поврзана со неговиот престој оди целосно електронски без употреба на хартиена документација. Сите наоди генерирани од системот се во електронска форма со електронски потпис и дигитален квалификуван печат“, го објаснуваат процесот од Клиниката Жан Митрев.

Дигитализацијата подразбира и анализа на податоци, поврзување на медицинска опрема, интеграција на софтвери на различни системи, како и воведување на иновативни процеси.

Како надградба на процесот на дигитализација е и QR којшто содржи линк до радиолошката снимка и со скенирањето на овој код директно се пристапува до екранот за најава во системот. Преку QR кодот, пациентите и нивните лекари можат брзо и едноставно да ги отворат снимките и да ги добијат сите потребни информации за здравствената состојба на пациентите. Креирањето на QR код овозможува овие податоци да ги користат и матичните лекари со дозвола на пациентот.

„Нашата цел зад овој чекор на целосна дигитализација, електронска комуникација и интеграција на системот во Клиниката е унапредување на здравствената услуга, во поглед на услугите за пациентот и побрза комуникација и помалку административна работа за здравствените работници.  Дигиталното интегрирање на медицинските услуги овозможува точна и прецизна размена на пациентското досие со цел подобра нега на пациентот. Во овој поглед добра е комуникацијата во овој дел со други здравствени инстанции што имаат степен на дигитализација, односно како Клиника сме отворени за соработка со сите здравствени установи“, велат од Клиника Жан Митрев.

Сите податоци внесени во системот имаат највисоко ниво на заштита од надворешна злоупотреба. Секој пристап до податоците е ограничен, строго контролиран и евидентиран. Според интерните политики во клиниката, секој вработен писмено се согласува на доверливост при употреба на податоците. Можноста за злоупотреба на податоците е сведена на минимум.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK