Ќе се снима филм, документарец и ТВ серија за Тоше Проески – за проектот издвоени 1,5 милиони евра

Tose-Proeski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во следните две години, ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија, кои ќе ги прослават животот, делото и мисијата на трагично починатата музичка легенда Тоше Проески.


Средствата за проектот, во износ од околу 95 милиони денари, ќе бидат обезбедени од Буџетот на земјава, преку Министерството за дигитална трансформација.

Министерот за култура, Зоран Љутков, објави дека носител на проектот е Македонската радио-телевизија, а семејството на Проески дало согласност за иницијативата.

Копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот.

На темата зборуваше и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

„Идејата потекна од МРТ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и во координација со Министерството за култура и со Министерството за финансии, во експресно брза постапка се обезбедија средства”, рече Андоновски.

Проески во текот на кариерата се стекна со регионална слава и стана музичка икона која успеа да го сплоти Балканот.

Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска, на само 26 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK