„Ќе се изненадите од имињата“ – Спасовски вели дека со криминалната група соработувале и лица од МВР, судови и обвинителства

„Ќе-се-изненадите-од-имињата-–-Спасовски-вели-дека-со.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Лица од институции, судови и обвинителства оддавале информации на криминалци. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека јавноста би се зачудила кога ќе дознае кој се’ соработувал со криминалците, откако објави дека се приведени седум од 16 лица коишто учествувале во меѓународна организирана криминална група со седиште во Македонија.

„Има инволвирани во многу институции – МВР, други агенции, министерства, судови, јавни обвинителства. Можеби ќе се зачудите во наредниот период, но еднаш мора да излезе кои се тие кои во одреден моментот самите викаа: ‘држете го крадецот, а во суштина биле истите’“, рече Спасовски.

Понатаму додаде дека истрагите и борбата против криминалот не е работа на позиција и опозиција.

„Тука не ме интересира ни СДСМ, ни ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ или било кој друг. Ме интересираат колегите коишто работат. Одржувам прес-конференција на која ова го кажувам во името на целиот тим во МВР кои работеа со години. Знам дека и во иднина ќе продолжат интензивно да работат. Не технички влади, свети технички влади нека има, овој процес нема да го стопира никој жив“, рече Спасовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK