Ќе се донесат измени на законот возачките дозволи да важат уште 10 месеци, вели Пендаровски

Pendarovski.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на државата Стево Пендаровски во изјава за медиумите рече дека ќе се продолжи важноста на возачките дозволи за 10 месеци.

„Можам да ве информирам дека сите пратенички групи безмалку сите дадоа поддршка, денеска во 17 или 18 часот е закажана седница на парламентот колку што јас знам, на која ќе се донесе измена на законот за возачки дозволи со која ќе се продолжи рокот за важење во внатрешноста на државата. Мислам дека во законот ќе стои 10 месеци плус, треба да се сменат во тие 10 следни месеци околу 270 илјади возачки дозволи и тоа е изводливо“, изјави Пендаровски.

Како што додаде Пендаровски, добро е што се оди конечно во добра насока и што партиите постигнаа консенуз коj што е од значењее за сите граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK