Ќе отвориме и македонска паралелка во албанско училиште во општина Чашка, вели Шаќири

jeton-sakiri-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири рече дека во Општина Чашка ќе отвори и македонска паралелка во албанско училиште откако родители на деца од училиштетото „Тодор Јанев“ во оваа општина му предложиле  децата за кои тој даде согласност да учат на албански јазик во новоформирана паралелка, да учат на мајчин јазик,  во село Сливник.

Се работи за четири деца, кои, ако сакаат да учат на мајчин јазик, што им следи по устав, да не учат во истиот простор, туку во населено место Сливник во Велес.

„Како да прифатам за четири ученици да патуваат затоа што некој сака и прави проблем за образовниот процес, нема да го прифатам тоа“ – истакна Шаќири, но рече дека ќе продолжи да бара решение кое не сака да биде сфатено како политика затоа што во општина Чашка коалицираат СДСМ и ДУИ исто како и на централно ниво.

– Ако тие даваат предлог според кој децата имаат право да учат на мајчин јазик, јас ќе го прифатам. Им реков ако сакате и барате да се отвори македонска паралелка во Долно и Горно Јаболчиште, каде што најголем дел или 100% се албански деца, не е проблем ќе отвориме. Ние наместо за меѓуетничка интеграција да зборуваме, кај нас има уште училишта кои не го дозволуваат уставното право на децата – додаде Шаќири.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK