Ќе ечат песни од Владо Јаневски: Утре собир пред „Борис Трајковски“ во чест на музичката легенда


vlado-janevski.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утре со почеток во 20:00 часот, на платото пред арена „Борис Трајковски“ се организира собир на кој ќе му биде оддадена почит на Владо Јаневски.


„Утре, во 20:00 часот, на платото пред арена Борис Трајковски ќе се собереме за последен пат да му оддадеме почит на Владо Јаневски.

Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат.

Ги повикуваме сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика да ни се придружат.

Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со тишина. Со љубов.

Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ. 🤍“, објавија од Прагма продукција.

View this post on Instagram

A post shared by Pragma Music Entertainment (@pragmaproduction)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK