Кампања на МОН: Заедно да ставиме крај на училишното насилство

uchilishno-nasilstvo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Да градиме мирна и хармонична училишна средина без било какви облици на насилство. Да создадеме амбиент во кој младите ќе се фокусираат исклучиво на вистинските цели на воспитно – образовниот процес, на стекнувањето знаења и вредности кои ќе ги направат да бидат добри луѓе, а насилството воопшто нема да биде тема. Потребна е средина во која ќе преовладува толеранцијата, младите ќе ги почитуваат меѓусебните разлики и нема да гледаат на нив како поводи за конфликти.







Ова се пораките што Министерство за образование и наука ќе ги испрати до сите чинители на образовниот систем преку нова кампања за подигнување на свеста особено кај младите, за важноста на мирот, ненасилно и толерантно однесување во и надвор од училиштата.

– Ќе се обидеме да допреме до сите, до учениците, наставниците и другите вработени во училиштата, родителите и старателите, да укажеме дека важен е придонесот на секој од нас во остварувањето на целта. Неопходно е да се даде предност на вербалниот дијалог помеѓу учениците и на мирното решавање конфликти. Да ја зголемиме свесноста за последиците од евентуално девијантно однесување, кои видовме дека можат да бидат катастрофални, се наведува во соопштението од МОН.

МОН упатува апел до сите граѓани, доколку биде забележан било каков облик на насилно однесување во училиштата, да биде пријавен на електронската адреса prijavinasilstvo@mon.gov.mk, односно paraqitdhune@mon.gov.mk, или пак до стручните служби во училиштата, со цел навремено да се реагира и да е спречат посериозни инциденти и последици.

Само заедно, стои во соопштението, можеме да ставиме крај на училишното насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK